sharmystery
Rock Art na Shar planina - otkritija i umetnost
Monday, November 16, 2015
Monday, August 12, 2013
25 Валкамоника Симпозиум
![]() |
Во неговата десна крената рака има лак и долга е 80 цм а широка 55 цм и би требало да значи стоп за смртта и болестите , значи таа е рака која треба да влева верба во човекот.(фото 2) |
![]() |
На највиското природно испупчување на карпата е претставена вулвата-симболот за мајките-родилките во моментот пред породувањето, долга е 23 цм, а 17 цм широка.(фото 3) |
![]() |
Одтаму започнува каналот за либација, кој дијагонално се протега, се зголемува и продлабочува до 30 цм.(фото 4) |
![]() |
Во градите има ѕвезда, а од стомачето му излегува папочната врпца.(фото 8) |
Мислам дека оваа ритуална карпа била наменета за заштита на новороденчињата и мајките –родилки и дека настанала во Неолитот-Енеолит,време кога човекот живеел со чувство на зависност од многубројни духови и демони кои биле господари на животот и смртта.Тоа е и времето кога се појавиле првите метални орудија,кои најверојатно биле и овде употребени,бидејќи очигледно е дека се извајани со голема прецизност а некаде се многу длабоки од 18-30 цм.
Sunday, February 12, 2012
24-ти Валкамоника Симпозиум - Уметноста и комуникациите во предлитерарните општества

Зборникот на трудови и службената покана

Центарот за праисториски студии во Капо ди Понте
На моја голема среќа единствено јас бев примен со свој труд и со своја изложба од 10 слики со заедничка тема Вечните симболи. На овој Симпозиум зедоа учество преку 120 учесници од целиот свет: научници, археолози, доктори на науки, директори на музеи за праисторија, меѓу кои и мојот пријател и колега проф. д-р Душко Алексовски, откривачот на карпестата уметност во Р. Македонија. Симпозиумот беше одлично организиран: трудовите на учесниците беа претставени во седум сесии, имаше перформанси, заедничка изложба на четири ликовни уметници, како и посети на неколку праисториски паркови, убаво уредени, преполни со гравири, пиктажи и композиции - сите под заштита на УНЕСКО. Организаторот издаде извонреден Зборник на трудови, каде што се застапени сите автори со абстракти и целосни трудови.




Вечните симболи - 1

Од моето излагање



Од посетата на праисториските паркови





Адам од Пена
На овие карпи нема осамени знаци, туку се осмелувам да кажам дека овде има вистински симболично - наративни композиции кои се создадени од нашите предци и се меѓу првите во светот на ликовната уметност, воопшто.
На карпата Адам од Пена е претставена машка фигура со својата машкост, а од десната страна има оштетени претстави на женски фигури, додека на горната страна од карпата се наоѓаат повеќе елементи : машкиот и женскиот триаголник кои со каналчиња се поврзани со наведените фигури, што секако упатува на либација, потоа крстот, кругот и змијата и сето тоа ни укажува дека ова е ритуална карпа за плодноста и сексуалноста на еден редок и оригинален начин.
Втората карпа е Рибите од Пена, каде што има една комплексна композиција од животни: рис кој лови риба - пастрмка и канал поврзан со главата на човек - веројатно наменет за либација - 8 подолги и пократки паралелни гравири - симболи за водата, крстот со гранче, како и повеќе машки и женски триаголници - симболи за Небото - Сонцето и Земјата - Големата Мајка и нивниот Свет брак (Хиерос гамос). Од сето ова произлегува дека од тој Свет брак настанал целиот наш свет : природата, растенијата, животните и луѓето!
Овие раритетни композиции , според темите кои ги обработуваат, според техниката и начинот на кои се изведени, според симболите кои се употребени, верувам дека потекнуваат од раниот период на Мезолитот, од пред 10-ина илјади години, време кога реалистичкото претставување на нештата било се уште живо, значи се уште било свежо сеќавањето на претходниот Палеолитски период.
Ликовните елементи кои се претставени на овие прекрасни уметнички дела ни зборуваат за неверојатно високото ниво, за сфаќањето на поредокот во светот и на животот воопшто, за симболиката на нештата и за способноста на нашите предци да создаваат симболи, кои опстоиле илјадници години и кои повторно се раѓаат во нови современи форми, но со вечно значење. Тие симболи се вечни, и тие се историско, културно, уметничко и религиозно наследство кои му припаѓаат на целиот свет.
Александар В. Настески
ак.сликар и истражувач
декември/јануари 2012 годTuesday, April 22, 2008
Мојата теорија
Тоа значи само едно: дека од палеолитот, но најповеќе во Мезолитот и подоцна на Шара врвело од живот!
Како и зошто?
Доволно е само да се погледне географската карта и да се заклучи дека преисториските заедници не тргнале на далечен пат за веднаш да стигнат во Средна и Западна Европа, туку движејќи се по Големата река дошле до Големата планина, највисока, најбогата со реки, шуми, животни, риби, полна со живот и каде најверојатно затекнале и староседелци.
И тогаш дошло до голема концентрација на племенски заедници кои со време создале интересен и богат општествен живот, со свои ритуали и верувања, со нови традиции за што денес сведочат многубројните ритуални карпи по цела Шара.
Но овде не станува збор за осамени знаци, туку за вистински симболично – наративни композиции, ликовни композиции, меѓу првите во светот на ликовната уметност воопшто!
Тоа се уметнички дела со оригинален и артикулиран израз на тогашните луѓе за нивните ритуали и верувања, за смислата на животот и нивното сфаќање за поредокот во светот.
Гравирите, пиктажите, рељефите на карпите укажуваат на тоа дека тие настанале кога можело да се живее надвор од пештерите, на отворено, а тоа значи кога завршило Леденото време, најрано во Мезолитот, пред 10-11.000 години.
Религијата и магијата биле основните двигатели на оваа уметност, уметноста била во нивна служба. Темите на овие композиции се во врска со родноста и полодноста во природата, кај луѓето и животните, а тоа значи дека тогашниот уметник не ги прикажувал жената или мажот како индивидуи, туку преку нив всушност ја претставувал плодноста.
Адам од Пена

Над овие фигури, на горниот дел од карпата се наоѓаат два триаголника, како пирамиди, длабоки до 12 см. Едниот (со број 1на фотографијата) над фигурата на Адам е со димензии 30 см х 20 см х 20 см и е со врвот нагоре, а е поврзан со каналче со истата фигура.Другиот триаголник (со број 2 на фотографијата) е малку помал, свртен е со врвот надолу и е поврзан со каналче со другите фигури десно од Адамот.

Најверојатно во тие времиња овие триаголници биле полнети со некоја тешност а можеби биле и боени. Овие два триаголника се со јасна симболика, претставувајќи го машкиот и женскиот принцип во плодноста!
Десно од овие триаголници се наоѓа еден крст, до него една кружна форма – симболи за Земјата и Сонцето а над нив една долга форма налик на змија.

Овие две мои слики се моја инспирација на тема Адам од Пена, со димензии 125 х 150 см, во акрил техника сликани со песок и мов.


Thursday, September 07, 2006
Клисурата на река Пена

Илјадница – Бањиче на река Пена
Нема човек од Тетово кој не ја знае оваа величенствена карпа, една од најголемите и највисока во овој крај, која заради нејзината големина и височина е наречена Илјадница.

Ова е познато излетничко место на тетовци од памтивека. Но малкумина знаат дека ова место било одамна населено: од преисторијата, па преку Македонско – римските војни па до денеска. Имено, на ридот наспроти Илјадница бил познатиот антички македонски град – тврдина Оенеј.
Илјадница не била случајно одбрана за живеалиште уште од преисторијата. Ова нешто е потврдено и е забележано во археолошката карта на Македонија. Со својата големина и височина им пружала заштита на тогашните луѓе а тие оставиле интересни знаци дека тука биле од памтивека.
На самата карпа се наоѓаат огромни фигури на два човечки лика, дело на мајката природа, кои сигурно биле забележани и од луѓето од преисторијата. Овие фигури од секогаш биле нешто посебно и веројатно биле обожувани како нивни заштитници, духови – богови.
Кои се овие фигури?

Првата фигура е профил на старец со мудар изглед, а вториот лик е сериозен со строг поглед со око кое вечно ги следи, давајќи им заштита и им предизвикува стравопочит истовремено. А оваа слика е моја инспирација на оваа тема.
Пештера

И сега може да се види остатокот од една пештера која била живеалиште на преисториските луѓе и во неа има еден интересен траг од тоа време – тоа се шестте купули во низа и по две погоре и подолу од нив. Овде треба да напоменеме дека оваа пештера била многу поголема но со изградба на браната од 1924 година таа била доста оштетена.
